IP телефони
Професионална гласовна комуникација за секое работно место – од едноставни модели за секојдневна канцелариска работа до напредни телефони за рецепции, оператери, менаџери и контакт центри.
SIP / VoIP
Wi-Fi & DECT
Конференциски телефони
Yealink IP телефони
Yealink нуди телефони за секое ниво и намена – од класични SIP уреди со едноставен интерфејс до напредни телефони со екрани осетливи на допир и вграден Teams клиент. За корисници кои треба слобода на движење низ поголеми објекти, канцеларии или погони достапни се безжични DECT и Wi-Fi решенија, а за конференциски сали професионални конференциски телефони со микрофони со покриеност од 360°. Сите уреди поддржуваат широк спектар на комуникациски платформи – Microsoft Teams, Zoom, Cisco и стандарден SIP протокол компатибилен со водечки PBX системи.
T3 серија – Класични столни телефони
Ценовно достапни и популарни SIP телефони за заеднички работни места и основни комуникациски потреби. Сигурни, едноставни за употреба и лесни за поставување во сите видови организации.
T7 серија – Напредни деловни телефони
Деловни SIP телефони со одличен HD квалитет на повици и внимателно осмислен кориснички интерфејс. Наследници на T4 серијата, погодни за секојдневни канцелариски корисници кои треба повеќе од основното.
T8 серија – Премиум столни телефони
Врвни столни телефони за директори и раководители кои треба едноставна соработка од работното место. Наследници на T5 серијата со напредни AI функции и премиум дизајн.
Yealink MP серијата донесува нативно Microsoft Teams искуство директно на столниот телефон – најавете се со Teams налог и веднаш имате пристап до контакти, календар и статус на колегите. Управување преку Teams Admin Center без посебни алатки. Идеални за организации кои работат во Microsoft 365 екосистемот.
MP серија – Teams certified телефони
MP52 E2 и MP54 E2 ги покриваат канцелариските корисници и заедничките работни места, а MP56 E2 е наменет за позаhtevni корисници. MP58-WH E2 е наменет за директори и раководители со екрани осетливи на допир. Сите наведени E2 модели работат на Android 13. MP55 E2 е најновиот модел кој работи на Android 15 и се заснова на Microsoftовата MDEP платформа.
SIP телефони преку SIP Gateway
Поддржани се и стандардни SIP телефони – столни и безжични (DECT / Wi-Fi). Интеграцијата се остварува преку SIP Gateway, што овозможува искористување на постојната инфраструктура без замена на уреди.
DECT серија – Безжични телефони за слобода на движење
Професионални безжични DECT телефони за корисници кои треба слобода на движење во канцеларија, погон, болница или друг голем објект. Single-cell (W70B) и multi-cell системи (W75 Mini, W80, W90) скалираат од мали до големи инсталации со повеќе базни станици. DECT базата поддржува и регистрација на DECT слушалки.
Wi-Fi серија – Безжични рачни телефони
Професионални безжични Wi-Fi телефони за мобилни работни сценарија без DECT инфраструктура.
Професионални споделени аудио решенија за конференциски сали и тимска соработка. Омнидирекциони микрофони и звучници со висок дострел овозможуваат јасен звук без слепи агли. Проширливи со безжични микрофони CPW935W.
CP серија
CP925 – помали и средни сали, едноставен за употреба. CP935W – Wi-Fi, Bluetooth и безжично напојување за пофлексибилен распоред. CP965 – flagship модел за поголеми сали, Android OS, проширлив со безжични микрофони.
EXP55 – Модул за проширување на број на копчиња
Модул за проширување на функционалните можности на Yealink T7 и T8 серијата телефони. Екран во боја со три страници по 26 копчиња овозможува програмирање до 78 функции – BLF следење на статус на колеги, брзо бирање, проследување повици, трансфер, паркирање повици и сл.
YHS серија – Слушалки за столни телефони
YHS34 и YHS36 E2 се жичани деловни слушалки кои се поврзуваат на сите Yealink IP телефони преку RJ-9 приклучок. Понапредните модели телефони поддржуваат и Bluetooth слушалки, а преку USB приклучок и DECT безжични слушалки – погледајте Yealink професионални слушалки. Со Yealink адаптер може да се користат и безжични слушалки на Yealink и други производители. За избор на начин на поврзување и информации за потребните додатоци користете го Yealink Headset Compatibility Center.